Екипата на Арсенал игра неверојатно добро во последните натпревари, топчиите денеска триумфираа на гостувањето кај Шефилд јунајтед со 6-0, од кои дури пет беа во првото полувреме.

По само 15 минути игра Арсенал го реши прашањето околу победникот. Одегард даде гол во петтата минута, во 13. минута домаќините сами си ја затресоа мрежата, а две минути подоцна Мартинели погоди за 3-0.

Во 25. минута Каи Хаверц беше стрелец за 4-0, а пред крајот на полувремето погоди и Рајс за 5-0, резултат со кој се отиде на одморот.

Во вториот дел Арсенал постигна само уште еден гол преку Вајт за триумф од 6-0 и катастрофален дебакл на Шефилд.

 

Арсенал стана првиот клуб во историјата на Премиерлигата кој победил на три гостински натпревари по ред со 5+ голови.

Покрај денешната победа од 6-0, изминатите две гостувања беа кај Барнли победа од 5-0 и кај Вест Хем со 6-0.