Интер со доста мака стигна до победа над Џенова со 2-1, но со овие три бода нероазурите ја зголемија предноста на врвот, сега имаат дури 15 бодови пред екипата на Јувентус.

Јувентус загуби на гостувањето кај Наполи, а тоа Интер го искористи за дополнитено да ја зголеми предноста. На 11 кола до крајот на сезоната, во Серија А веќе е јасно кој ќе биде новиот шампион.

Интер имаше одлично прво полувреме по кое водеше со 2-0 со головите на Аслани и Санчез од пенал.

По девет минути игра во второто полувреме Васкез даде гол, намали на 2-1 и го направи натпреварот поинтересен.

Џенова имаше шанси и за израмнување, но Интер успеаа да преживее и да оствари нова победа.