Мајорка со деветтиот сезонски триумф, трета победа во последните пет меча, дојде до 31 бод, исто има и Вилјареал, а само два зад шестиот Рајо Валјекано на позиција за Конференциската лига.

Победата Мајорка ја обезбеди со головите на Кадевере во 20-та, Родригез во 45-та, кој даде втор гол во 56-та и на Ведат Муричи во 63-та минута од мечот. Тој период од седум минути во вториот дел излезе клучен, откако Вилјареал двапати успеваше да израмни, прво преку Хосе Моралес во 43-та, а потоа Чуквуезе во 50-та минута.

За Вилјареал ова беше четврти пораз во низа во Ла Лига.

Реал Сосиедад и Селта ремизираа 1-1, а Бетис со 2-1 го победи Валјадолид во шпанската елита.