Ливерпул го совлада Њукасл со 0-2 и потсети на периодот кога „газеше“ во Премиер – лигата. Со трите бода од „Сент Џејмс Парк“, сега тимот на Јирген Клоп има 35 бода, шест помалку токму од четвртопласираниот Њукасл, но и еден меч помалку.
Дарвин Нуњез во десеттата минута донесе предност на Ливерпул, а Коди Гакпо седум минути подоцна зголеми на 0-2. Во 22.минута беше исклучен голманот на Њукасл, Ник Поуп, и тоа реално беше крај на надежите на домаќинот дека може да остане непоразен.