Поминаа два дена од бламажата со Брајтон во 1.коло во ПЛ, кога Манчестер Јунајтед дома загуби со 1:2 и го упропасти дебито на новиот тренер Ерик Тен Хаг, а сепак коментарите не престануваат.
А хит секако е потегот на деценијата на Хари Мегваер. И кога го имаш Хари за капитен тогаш не е чудно што М. Јунајтед изгледа очајно.
Хари “ИЗГУБЕНИОТ“, се потсмеваат сите на видеото во кое се гледа како капитенот на Јунајтед на погрешната страна ги строи играчите пред да излезат на теренот на мечот со Брајтон.
Колку толку бруката ја спаси голманот Давид де Геа, кој навреме му подвикна на својот капитен да ја промени страната.
Очајно или подобро кажано нова БУРЛЕСКА на Хари…
Погледнете го видеото и уживајте…