Тимот на лидерот во Бундес лига, Баер Леверкузен со два гола во самиот финиш со 2-1 го победи Хофенхајм.

Хофенхајм имаше водство на гости кај Леверкузен со гол на Беиер од 33. минута. Предноста ја чувааа до 88. минута, беа на прагот на победа, се чинеше дека можат да му го нанесат првиот пораз на тимот на Чаби Алонсо оваа сезона, но тоа не се случи.

Андрих во 88. минута изедначи на 1-1, а Шик со голот во 91. минута донесе победа за Баер Леверкузен од 2-1.

Лајпциг беше голем фаворит против Маинц кој се бори за опстанок, но одигра само 0-0. Елиф Елмас во игра влезе во 87. минута од дуелот.

Во другите мечеви од терминот, Фрајбург со убедливи 3-0 победи кај Борусија Менхенгладбах, гостински триумф забележа и Волфсбург со 2-0 го совлада Вердер, немаше голови на дуелот меѓу Ајтрахт Франкфурт и Унион Берлин.