Герет Бејл ги изнервира навивачите на клубот на натпреварот меѓу Атлетик Билбао и Реал во четвртфиналето на Купот на кралот.
Тој пристигна летото 2013 година како најскап играч во историјата кога за него на Тотенхем му платија 101 милион евра.
Осум и пол години подоцна Бејл е проценет на 5 милиони. Не само затоа што летото наполни 33 години, туку затоа што игра лошо и многу малку. Последен пат за Реал играше на 28 август минатата година, а оттогаш постојано е повреден или на клупата.
Сега направи нов потег кој ги иритираше фановите на мадридскиот клуб. Во 75. минута тренерот Карло Анчелоти го повика Еден Азар да се загрева па се премисли и го врати на клупата.
На овој потег Бејл се изнасмеа.
Камерите на Ел Чирингито го фатија како прсна од смеа кога Азар доби наредба да се врати на клупата.