До вчера, никој во светскиот фудбал ништо не знаеше за 17-годишниот фудбалер од школата на Барселона Ла Масија, Марк Гују, а денеска тој е главен лик во медиумите ширум светот.

Негови фотографии како го слави голот против Атлетик Билбао ја преплавија планетата, па не е чудо тоа што и неговата популарност на социјалните мрежи драстично се зголеми преку ноќ. Вчера, пред натпреварот тој имаше скоро 49 илјади следбеници на Инстаграм, а веќе утрово стигна до 504 илјади. То е зголемување за над 455 илјади фанови за помалку од 12 часа откако заврши натпреварот во Барселона.

Честитки за младото момче од Гранољерс стигнуваа од сите страни, а најважно од се е тоа што неговиот гол против Атлетик ја остава Барселона блиску до Реал Мадрид во пресрет на Ел Класико кое се игра в недела.