Се уште не е завршен преодниот рок за хрватскиот прволигаш Шибеник, а на крајот од него може да посведочиме на мала сензација. Имено, според информациите кои доаѓаат од Шпанија, во четврток во Шибеник треба да се појави Хозе Франко Алвиз или Бургуи, 28-годишен Шпанец, а во неговото CV стои дека тој бил играч на Реал Мадрид во чија младинска школа дошол на 10 години.

Тој сепак, не настапи на ниту еден официјален натпревар за првиот тим на „Кралскиот клуб“, играше за Ц и Б тимовите, но по Реал во неговата кариера играше за сериозни клубови. По позајмиците во Еспањол и Спортинг Хихон, Реал во 2017 година го продаде на Алавес за три милиони евра. Играше за клубот од Виторија, беше на позајмица во Сарагоса и собра вкупно 100 натпревари во Примера, постигна пет гола и додаде седум асистенции во најсилниот шпански ранг.

По враќањето во Примера и Алавес заработи тешка повреда на коленото, ја пропушти речиси целосно минатата сезона, па од летото е слободен играч и во тоа својство треба да потпише за Шибеник.

Секако, од сето ова јасно се гледа дека Бургуи денес не е на нивото како пред неколку сезони, но во секој случај за тимот на Шибеник може да биде засилување доколку се врати во солидна форма. Играјќи на позицијата крило, лево или десно, може да игра и на средината на теренот, а во Хрватска сигурно ќе добие минутажа и трпение. Во секој случај, неговата фудбалска биографија е звучна, таков играч не доаѓа секој ден во Шибеник. Последните формалности беа завршени денес, а доколку се биде во ред, Бургуи наскоро би можел да заигра во портокаловиот дрес.

Да напоменеме и дека Бургуи во последните денови се споменуваше како можно засилување на Легија и Лехија Гдањск, но сепак го избра Шибеник.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=wSP84ZBWeiQ&feature=emb_logo