Познати се освојувачите на олимписките медали на 1500 метри во брзо лизгање, каде златото оди за Јужна Кореја, среброто за Канада, а бронзата за Русија .
Јужнокорејскиот натпреварувач Хванг Дае-Хеон освои злато во брзо лизгање на 1.500 метри на Зимските олимписки игри во Пекинг во средата.
Хванг победи со време 2:09.219, Канаѓанецот Стивен Дубоа беше втор (2:09.254), а Русинот Семен Елистратов ја освои бронзата (2:09.267) како и пред четири години во Пјонгчанг.
Ова е втор олимписки медал во неговата кариера за Хванг, кој освои сребро на 500 метри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг 2018 година. Ова е прв медал во брзо лизгање за Јужна Кореја, од почетокот на овие игри.