Данска одлично го отвори олимпискиот турнир во хокеј на мраз и славеше против Чешка со 2:1, што изненади многумина .
Иако Чешка влезе со статусот на фаворит во мечот со Данска, не успеа да слави. Данците беа подобри со 2:1 и малку е неочекувано што Данска цели десет години нема загубено од Чешка во регуларните 60 минути.
Двата гола Данска ги постигна во првото полувреме. Најпрво во 12. минута, дефанзивецот на Малме, Маркус Лауридсен погоди за 1:0, а шест минути подоцна ветеранот Франс Нилсен од Ајсбарен зголеми на 2:0.
Чесите тргнаа во поход по намалување на разликата и успеаја да постигнат еден гол, но не и два. Роман Червенка намали веќе на стартот од втората третина.
Во продолжение Чесите притискаа, но не успеаја да израмнат, многу расположен беше на данскиот гол Себастијан Дам , кој собра 39 одбрани.