Габриела Пападакис и Гијом Сизерон во Пекинг докажаа дека моментално се најдобрата светска танцова двојка на лизгалки и на својата богата колекција медали од најголемите натпреварувања го додадоа и најсветлиот од Зимските олимписки игри во Пекинг со нов светски рекорд од 226,98 поени.
Француската двојка на тој начин заборави на разочарувањето доживеано пред четири години во Пјонгчанг, кога на патот до олимпиското злато беа запрени по грешка со облеката на Габриела Пападакис. Во Кореја мораа да се задоволат со сребрен медал, но во Пекинг блеснаа во полн сјај со настапот во слободниот дел од програмата.
Четирикратните светски и петкратни европски шампиони за својот настап заработија 136,15 поени, што ги крена на нозе не само гледачите туку и ривалските двојки и нивните тренери, со што поставија нов светски рекорд.
Второто место и сребрениот медал во Пекинг ги освоија актуелните светски шампиони, руската двојка Викторија Синичина и Никита Качалапов, кои натпреварувањето го завршија со 220,51 бод.
Бронзата и припадна на американската двојка Медисон Хабел и Захари Донохју, кои на два настапи собраа 218,02 поени.
ЗОИ Пекинг, уметничко лизгање – танцови двојки:
1. Габриела Пападакис / Гијом Сизерон (Фра) 226,98 поени (90,83 + 136,15)
2. Викторија Синицина / Никита Качалапов (Рус) 220,51 (88,85 + 131,66)
3. Медисон Хабел / Захари Донохи (САД) 218.02 (87.13 + 130.89)
4. Медисон Чок / Еван Бејтс (САД) 214,77 (84,14 + 130,63)
5. Шарлин Гињар / Марко Фабри (Ита) 207.05 (82.68 + 124.37)