Натпреварувачката од САД во боб, Кејли Хемфрис стана првата олимписка победничка во едносед , а до златото со убедливи перформанси на патеката Јанкинг, оставајќи ја зад себе второпласираната сонародничка Елана Мејерс Тејлор за 1,54 секунди.
Олимписката победничка во новата дисциплина за жени имаше вкупно време по четири возења од 4:19,27 минути, а беше најбрза во вчерашното прво возење кога постави и рекорд на патеката (1:04,44). Во првите три настапи Хемфрис имаше најдобри времиња и голема предност, па тоа што го имаше третото време во последното возење не можеше да ја спречи на патот до златото.
Токму во таа серија Елана Мејерс Тејлор успеа со најдобро време да ја престигне Канаѓанката Кристин де Бруин и да донесе двојно славје на американската репрезентација, додека канадската возачка мораше да се задоволи со бронзата.
Хемфрис го освои својот прв олимписки медал во Пекинг како член на американската репрезентација. Имено, до 2019 година таа се натпреваруваше за родната земја Канада, за која освои две златни олимписки медали во двосед (Ванкувер 2010 и Сочи 2014) и еден бронзен медал (Пјонгјанг 2018).
Нејзиниот настап на Зимските олимписки игри во Пекинг беше под знак прашалник до пред два месеци, кога успеа да го заврши процесот за добивање американско државјанство, а неколку дена подоцна во Алтенберг, Германија, натпреварувајќи се под американско знаме, стана светски шампион во сингл и по рекорден четврти пат во двосед.
ЗОИ Пекинг, боб (за жени)
1. Кејли Хемфрис (САД) 4: 19,27 минути
2. Елана Мејерс Тејлор (САД) +1,54
3. Кристин де Бруин (Кан) +1,76
4. Лаура Нолте (Гер) +2.06
5. Брејана Вокер (Аус) +2,19