Меѓународната агенција за тестирање потврди дека во тек е жалба до Судот за спортска арбитража, откако руската антидопинг агенција ѝ ја укина привремената суспензија на Валиева, откако еден ден претходно Светската антидопинг агенција во Стокхолм потврдила негативен тест.
Тоа се случи во ист ден кога требаше да се одржи церемонијата за доделувањето на медалите, која поради овој скандал беше запрена и ќе се изврши откако ќе биде надминат „правниот проблем“.
Оваа 15-годишна девојка освои злато на тимското натпреварување во Пекинг со репрезентацијата на Русија, откако направи неверојатна четирикратна пируета, но набрзо стана анти-херој за светската јавност поради овој скандал.
„Валиева се жали на привремената суспензија и руската антидопинг агенција ја укина, па со тоа оваа спортистка може да продолжи со натпреварувањето на Олимписките игри“, соопшти Меѓународната агенција за тестирање.
Меѓутоа, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) веднаш испрати жалба на оваа одлука, па за судбината на 15-годишната сензација ќе решава Судот за спортска арбитража.