Македонскиот олимпиец во таеквондо, Дејан Георгиевски го освои бронзениот медал на „Президент Купот“ кој се одржува во Турција.

Георгиевски стигна до полуфинале, но беше поразен од натпреварувачот од Брегот на слонова коска, Сисе со 2:0.

Ова е уште еден одличен настап за Георгиевски кој ја темпира формата за другите големи натпреварувања.