По лошиот старт во 2023 година со три нерешени средби во Бундеслигата, Баерн (М) полека влегува во погон. На денешното гостување кај Волфсбург, баварците стигнаа до триумф од 4:2, во натпревар кој беше решен уште на самиот почеток.

Фудбалерите на Јулијан Нагелсман ја демонстрираа својата сила во Волфсбург и го победија домашниот тим по само 19 минути игра. Коман со два гола во 9’ и 14’ и Милер во 19’ обезбедија брзо водство на Баерн од 3:0.

Волфсбург намали преку Камински во финишот на првиот дел и на пауза се отиде со 1:3.

Во вториот дел иако Кимих доби црвен картон, Баерн успеа да погоди преку Мусиала (73’) за 1:4, а конечните 2:4 ги постави Сванберг во 81’.

 

 

Баерн Минхен има 40 бодови на првата позиција, односно еден повеќе од Унион Берлин и три повеќе од Борусија Дортмунд, додека Волфсбург е седми со 29 бода.