Фудбалерите на Болоња со два гола ја совладаа Фиорентина (2-1) на гости, во 21. коло од италијанската Серија А.

Орсолини по 14 минути од пенал ја затресе мрежата на Фиорентина за водство од 1-0, по што Сапонара во 19. минута го матира Скорупски за изедначување 1-1.

Во вториот дел Фиорентина напаѓаше и бараше втор гол, меѓутоа Болоња преку Пош ги шокира домаќините и погоди за конечни 2-1.