Панатинаикос на домашен терен со триумфот над Партизан (96-84) е меѓу најдобрите екипи по 20 одиграни кола во Евролигата.
„Детелинките“ го оставија тимот на Жељко Обрадовиќ на една победа на гостувањата во оваа сала во Атина во поновата историја, таа во 2022 година.
Екипата на Партизан скапо ја чинеше лошиот старт кога одигра лошо, и по првата четвртина му дозволи на Панатинаикос да води со двоцифрена разлика 23-13. Оттогаш, црно-белите цело време беа во негатива која претежно беше двоцифрена, а најблиску успеаја да дојдат на минус шест во третиот период.
Кендрик Нан одигра одлична партија со 25 поени, солиден беше и Осман со 18 поени, додека кај Партизан најсветла точка беше, Браун кој заврши со 23, а Дејвис уфрли 19 поени.
Панатинаикос има учинок 13-7 во Евролигата и е на делба на второто место, додека Партизан со 9победи и 11 порази останува надвор од зоната за плејоф.