Кошаркарите на белградски Партизан триумфираа со 89:74 против Алба Берлин и стигнаа до четвртата победа во деветтиот меч во Евролигата.
Првата четвртина помина во израмнета игра во која за нијанса подобри беа гостите (18:20), но црно-белите ја добија втората четвртина со 25:20 и на одмор заминаа со предност од 43:40.
Третата четвртина беше одлучувачка бидејќи Партизан за четири минути направи серија 13:4 и дојде до убедливи 65:52, по што во последната четвртина рутински ја одржуваше предноста за конечни 89:74. Најпрецизни кај Партизан беа бековите Алекса Аврамовиќ со 20 поени, Данило Анѓушиќ даде 16, а Џејмс Нанели 14 поени.
Кај Алба се истакна Јоханес Тиман со 21 постигнат поен.
Во шпанската пресметка, Барселона славеше со 74:70 против Валенсија и остана на второто место на табелата со биланс од седум победи и два порази.
Победникот беше одлучен во последната минута. Весели на 31 секунда до крајот погоди за 70:65, но Ојелеје ги погоди трите слободни фрлања и намали за 70:68 на 23 секунди до крајот. Потоа Абринес беше прецизен од линијата за слободни фрлања, а точка на дуелот стави Лапровитола на седум секунди до крајот. Весели со 17 поени ја предводеше листата на стрелци кај Барселона, додека кај гостите најдобар беше Крис Џон со 15 поени.
Во останатите натпревари, Панатинаикос со 90:74 триумфира над Виртус Болоња, Жалгирис со 74:73 го совлада Баерн, додека единствениот триумф на гости го оствари Басконија која триумфира над Асвел со 88:81.