Кошаркарите на Будуќност синоќа беа елиминирани од Еврокупот од Андора.
Избраниците на Александар Џикиќ од последнопласираниот тим во АЦБ лигата , тимот на Андора доживеаја изненадувачки пораз. Освен што мечот ќе биде запаметен по лошиот резултат за Будуќност, во третиот дел се случи и една непријатна сцена која за малку ќе прераснеше во физички контакт.
За време на тајм-аутот на Александар Џикиќ во третата четвртина, еден од навивачите на Будуќност се приближи до клупата, се наведна преку оградата и му се обрати на тренерот на „сините“:
„Ослободете се од ова ѓубре“!
Бидејќи долго време е во регионалната кошарка, Кобс веднаш сфати какви зборови му се упатени и тргна да се справи со овој навивач. Џикиќ и соиграчите го штитеа и спречија да дојде до полоша ситуација.
Кобс одигра многу лош натпревар бидејќи не постигна ниту еден поен.