Мемфис Гризлис ја совладаа Минесота Тимбервулфс со 124:96 и со таа победа израмнија на 1-1 во плеј-офот на Западната конференција.

Победата од 28 поени разлика е и рекорд на таа франшиза во НБА плеј-офот. Најефикасен во домашниот тим беше Џа Морант,на кој му недостасуваше еден скок за трипл-дабл.

Тој во победата на својот тим постигна 23 поени, 10 асистенции и девет украдени топки, а по 16 поени постигнаа Џерен Џексон Јуниор и Дезмонд Бејн.

Ентони Едвардс постигна 20 поени за Минесота, а Карл-Ентони Таунс забележа дабл-дабл со 15 поени и 11 скока.

Плејоф серијата се сели во Минеаполис каде ноќта меѓу четврток и петок ќе се одигра третиот натпревар.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=7&v=C-mZmFUp2s8&feature=emb_logo