Кошаркарите на Далас Маверикс го совлада Вашингтон со 112-104, благодарение на пресвртот во последната четвртина, а натпреварот го одбележа словенечкиот ас Лука Дончиќ.

Суперѕвездата на Маверикс дојде до десеттиот трипл-дабл во сезоната откако постигна 26 поени, 15 асистенции и 11 скока. Сето тоа и покрај фактот што беше буквално претепан од противничките кошаркари.

 

Прво беше удрен во носот од каде му течеше крв, а во третата четвртина играч на Вашингтон му ја пукна и брадата поради што мораше да биде сошиен среде натпревар. Дончиќ, сепак, не се предаде, се врати во игра на осум минути пред крајот на натпреварот кога неговиот тим губеше со девет поени разлика и беше најзаслужен за петтата победа по ред на Далас.

По натпреварот, тренерот на Мавс, Џејсон Кид изјави дека Словенецот се чувствува добро и дека нема посериозни проблеми околу неговата здравствена состојба.