Кошаркарската репрезентација на Србија се пласира во финалето на Мундобаскетот, откако славеше со 95-86 против Канада, па за златен медал ќе се бори против подобриот од натпреварот меѓу Германија и САД.

Херој во победата на нашиот северен сосед беше Богдан Богдановиќ кој постигна 23 поени, а по натпреварот кажа дека сака во финалето да игра против САД.

„Многу сум среќен, трениравме напорно и го остваривме сонот. Мило ми е што сме во финале, но ни останува уште еден важен натпревар. сакам да играме против Америка, да си ги измериме силите за златен медал. Изгубивме неколку пати од нив, но сега мора да ги победиме“, кажа Богдановиќ.