Екипата на Реал Мадрид е бранител на титулата во Евролигата и важи за главен фаворит за нов трофеј во најелитното натпрварување, а тоа го потврди и со перфектни изданија во четвртфиналната фаза.

„Кралевите“ се први патници на завршниот турнир во Евролигата и повторно се дел од четирите најдобри екипи во Европа, откако на три натпревари испорачаа „метла“ за сонародниците од Шпанија.
Басконија во моментов не е дораснат ривал за Реал и не можеше да дојде до победа на ниту еден меч, па денеска на домашен терен претрпе нов пораз, трет во низа за конечни 3:0.
Јабуселе имаше фантастичен меч со 23 поени, седум скока и три асистенции, следеше Марио Хезоња со 16 поени, како и Факундо Кампацо со 13 поени. Кај Басконија, не помогна одличната партија на Хауард со 29 поени.

Актуелниот европски првак на овој начин го обезбеди своето место во Берлин и стана прв тим кој се пласираше на Ф4, а во таа фаза ќе игра со подобриот од серијата меѓу Барселона и Олимпијакос.

 

Реал вечерва победи со 98:102, а на првиот меч во Турција, Фенербахче го победи Монако со 89:78 и поведе со 2:1 во серијата.