Тимот на Ал Наср е вториот патник во големото финале на кралскиот Куп во Саудиска Арабија, откако тимот во кој лидер е Кристијано Роналдо вечерва го победи Ал Калеј со 3:1.
По вчерашната победа на Ал Хилал, денеска падна одлука кој ќе им се спротистави на „сините“ во големото финале во Кинг Купот, а во мечот главната улога ја имаше Роналдо.
Португалецот постигна два гола и му овозможи на Мане да изведе пенал и да се запише во листата на стрелците, но најголемо внимание привлече со начинот на кој го отвори резултатот.
Неповторливиот голгетер постигна несекојдневен погодок со својата послаба лева нога, а притоа покажа извонредна техника и погоди со лева без точно да гледа каде е голот.
Мајсторијата на Роналдо ги воодушеви фудбалските фанови и ремек-делото беше прикажано од различни агли.
Мане погоди за 2:0 од белата точка, Роналдо со својот втор гол зголеми на 3:0 во вториот дел, па на крајот видовме и почесен гол од Ал Калеј преку Ал Тераис.