Многу важна победа оствари германскиот првак Баерн Минхен во дербито против Лајпциг (3-2) и се зацврсти на врвот на табелата во Бундес – лигата. Сега баварскиот клуб има девет бода предност пред Борусија Дортмунд, но и еден одигран меч повеќе.
Баерн Минхен двапати имаше водство, преку Томас Милер и Роберт Левандовски, а Лајпциг успеваше да се врати со головите на Андре Силва и Кристофер Нкунку.
Сепак, во 58.минута, Јошко Гвардиол си постигна автогол, Баерн поведе со 3-2 и на крајот стигна до трите бода.