Тотенхем можеше и многу поубедливо да победи и буквално да ја наполни мрежата, но лондончани промашија еден куп изгледни шанси, па реши сѐ Кејн, прво со гол во 13-та минута, а потоа со погодокот во 66-та за да го уништи ривалот само три минути откако се врати во мечот.
Марч во 24-та минута си даде автогол за водство од 2-0 на Тотенхем во првиот дел, а Бисума во 63-та го врати Брајтон во мечот, но кратко траеше радоста после вториот гол на Кејн со кој практично за нешто повеќе од еден час лондонскиот премиерлигашки гигант обезбеди следна фаза во најстарото и најмасовното натпреварување на Островот.