Иван Тричковски продолжува да ги решета мрежите на Кипар. Денеска во победата од 4:2 на својата АЕК Ларнака на домашен терен против Олимпијакос Никозија, нашиот екс-репрезентативец постигна дури два гола.
Тричко погоди за 2:0 во 44. минута, а потоа и ги постави конечните 4:2 со гол во 95. минута од мечот. Со овие два гола нашиот интернационалец веќе дојде до бројката од 4 гола оваа сезона во кипарскиот шампионат и се искачи на делба на 2. место на листата на најдобри стрелци.