Фудбалската репрезентација на Португалија остана без напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, за настапот на Светското првенство во Катар. Неговата повреда е сериозна и тој нема да може да биде дел од Мундијалот.
Потврда стигна и од менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, на денешната прес-конференција.
„Сега можам да кажам дека Диого ќе биде надвор од терените со месеци. Тој сигурно ќе го пропушти Светското првенство. Ќе видиме точно до кога, но му посакувам брзо закрепнување“, изјави германскиот стратег.
Диого Жота е последното име што е на списокот на повредени во Ливерпул. Поради различни повреди надвор од терените се и Луис Дијаз, Жоел Матип, Ибрахима Конате, Кертис Џонс, Наби Кеита, Артур Мело и Алекс Окслејд-Чемберлен.