Селекторот на женската сениорска репрезентација, Љубомир Савевски го објави конечниот список на ракометарки што ќе бидат во конкуренција за настап на Европското првенство.

На списокот од 19 ракометарки ги нема повредените Теодора Дукоска и Елена Ѓорѓиевска. Ја нема ниту Марија Штериова, но причините за нејзиното отсуство не се познати.

Ракометарките на Македонија настапот на ЕП ќе го започнат против репрезентацијата на Франција на 5 ноември.

Во второ коло од групата играме против Холандија на 7 ноември, додека мечот против селекцијата на Романија во последното коло од групата се игра на 9 ноември.

Сите три меча ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот.