Данците со пеколно второ полувреме ја победија Германија и стигнаа до четврто европско финале!

„Панцерите“ имаа сили само за едно рамноправно полувреме против актуелниот светски првак, водеа во првите 30 минути и тоа во неколку наврати и со највисоки плус три гола. Данците одлично го почна вториот дел, ја анулираа негативата и потоа го наметнаа својот ритам за огромно водство со пет гола (26-21), со кое ја најавија големата победа.

 

 

Хансен, Јакобсен и Питлик со по пет гола беа најпрецизни во победничкиот тим, додека Усцинс со ист број голови беше најпрецизен кај Германците.

Данска во битката за третото европско злато во недела ќе оди на мегдан да ги одмери силите со Франција, која претходн ја совлада Шведска во драматична пресметка со многу контроверзни ситуации и две продолженија по пет минути.