Македонската ракометна репрезентација се покажа во најдобро издание во бараж реваншот за пласман на Светско првенство, па така нашиот најдобар тим повторно ќе биде дел од едно големо натпреварување.
– Пред се сакам да се заблагодадрам на целата публика, на фановите кои дојдоа тука и на луѓето кои не бодреа од малите екрани. Горд сум што сум Македонец и навистина треба да славиме. Мислам дека вакво нешто не се случило.
– На првиот меч таму игравме ноншалантно, сега се променија многу работи и влеговме многу мотивирани. Публиката ни беше ветер во грб, победивме добра и силна репрезентација која според мене многу ќе расте во иднина, – изјави Митев.