Ракометната репрезентација на Франција ја совлада Хрватска со 27:22 на стартот на Европското првенство. Решавачкиот момент се случи во средината на вториот дел, кога Хрватска во еден момент поради исклучување играше и со тројца помалку. Тогаш хрватските навивачи во салата во Сегед ги загубија нервите.
Атмосферата беше одлична за мене“, изјави најдобриот француски ракометар Никола Карабатиќ. „Свесни сме дека локацијата е многу блиску до Србија и Хрватска и дека има многу нивни навивачи. Не удираа со неколку шишиња и запалки, сето тоа ме потсети на игрите на Балканот“, додаде тој.
Голманот Винсент Џерард верува дека некои навивачи претерале со алкохолот. “Сето тоа е дел од играта и го очекувавме. Убаво е да се игра пред навивачите бидејќи во последно време играме многу во празни сали. Имаше неколку навивачи кои брзо се опијанија. Добро реагиравме на провокациите.
Во второто коло од групата Хрватска во сабота ќе игра против Србија, а Франција против Украина.