На Новак Ѓоковиќ вторпат му е одбиена визата и му се заканува депортација од Австралија по одлуката на министерот за имиграција Алекс Хок. Ѓоковиќ и неговиот правен тим прават се што можат за да ја оспорат и укинат одлуката на австралиските власти и подготвуваат жалба. На крајот на краиштата, судот веќе еднаш пресуди во нивна корист, откако на најдобриот светски тенисер за прв пат му беше одбиено барањето за виза.
Ова ќе биде работен викенд за Ѓоковиќ и адвокатите, но и за австралиските служби вклучени во аферата. Ова е распоредот: вечерва во 22 часот по локално време Ѓоковиќ ќе даде изјава во граничната полиција. Потоа оди во притвор, а дел од своето време како притвореник ќе го помине во канцеларијата на неговите адвокати, од полноќ до 4 часот наутро во сабота.
Тој ќе биде во притвор до крајот на саботата, а судењето ќе започне во 23 часот наше време. Минатиот пат сослушувањето траеше со часови, но сега не треба да трае толку долго. Ова го истакнаа претставниците на двете страни.
Адвокатите на Ѓоковиќ дури бараа аргументите на секоја страна да бидат ограничени на еден час, но нивното барање беше одбиено. Но, и со очекување дека рочиштето ќе биде пократко од првиот пат, почнува час пред полноќ и сигурно ќе заврши во недела.