Алфонсо Дејвис има „поблаго воспаление на срцевиот мускул“, што веројатно се должи на Ковид-19 што го надмина и затоа ќе паузира неколку недели, изјави во петокот неговиот тренер Џулијан Нагелсман. Проблемот што го мачи ова 21-годишно момче е „помеѓу безопасно и здодевно“, додаде Нагелсман.
Лекарите немаат научни докази што точно го предизвикало миокардитисот кај Дејвис, „но голема е веројатноста дека е предизвикан од ковид“, призна тренерот на Баерн, кој не можеше точно да каже кога повторно ќе може да смета на младиот канадски фудбалер. .
„Сè уште не знаеме точно колку долго ќе паузира. Не е драматично, но треба да се подобри, и ќе треба малку време“, додаде тренерот.