Полската гол машина, Роберт Левандовски беше најдобар стрелец во Ла Лига и со Барселона ја освои титулата во Примера.

Голгетерот на Барса Левандовски постигна 23 гола на 34 првенствени натпревари, вкупно 33 во сите конкуренции, а додаде и уште осум асистенции. Сега пристигнува информација од полските медиуми дека и тој добил понуда од Саудиска Арабија.Во Саудиска Арабија од наредната сезона ќе играат повеќе големи европски имиња, но Левандовски и покрај понудата изгледа нема да биде еден од тие фудбалери.

На Левандовски му биле понудени 150 милиони евра по сезона, не се открива клубот, меѓутоа Полјакот без многу размислување кажал „не“. По заминувањето од Полска, Левандовски успешно играше за Борусија Дортмунд за која постигна 103 гола на 187 натпревари и Баерн каде што постигна 344 на 375 натпревари.