Српскиот НБА кошаркар Никола Јокиќ овие денови ги минува на заслужен одмор во родниот град, каде што покажува дека освен што е мајстор на кошаркарскиот терен, знае и добро да се забавува, за што доказ е неговото лудо издание на концертот на популарниот српски пејач, Ацо Пејовиќ.
Најдобриот во НБА беше „уловен“ како танцува во еден од најдобрите локали во Сомбор и тоа качен на столица, покажувајќи дека е „нормален“ без разлика на големите милиони пто ги заработува и шампионскиот прстен освоен оваа сезона.
„Никогаш немало поголем човек, па уште качен и на столица. Светски, а наш“, напиша популарниот пејач на Инстаграм.
Јокиќ беше избран за МВП на финалната серија од плејофот во која неговиот Денвер нагетс го совлада Мајами хит (4-1) и дојде до првата титула во клупската историја.