Пред повеќе од 21.000 гледачи, сите навивачи на Партизан, црно-белите малку фалеше да прокоцкаат и плус 20, но откако Ц. Звезда дојде на минус четири на средина од вториот дел, четата на Жељко Обрадовиќ се врати на двоцифрена предност во завршницата и дојде до толку посакуваниот триумф.
Најдобриот кошаркар на Партизан, Кевин Пантер со 32 поени беше предводник во победата, а уште од стартот со две тројки ја најави својата бравурозна партија во која додаде уште три скока и две асистенции, а поддршка имаше од Зек Ледеј со 15 поени и четири скока, како и од Џејмс Нанели со 12 поени.
Партизан уште на стартот поведе со 9-2, стигна до двоцифрена предност по првата четвртина со 30 дадени поени (30-18), а и во вториот дел продолжи газењето на црвено-белите за најубедливи плус 20 (54-34). Во третиот период, црвено-белите се вратија во натпреварот, дојдоа на минус четири на средина од последниот период (79-75), но немаа сили за неверојатен пресврт.
За Ц. Звезда ова е прв пораз во финална серија по 2018 година и трето загубено финале од девет, па остануваат на шесте трофеи.
Огњен Добриќ со 18 поени и пет скока беше најефикасен кај Ц. Звезда, а Бен Бентил додаде 12 поени.