Српската звезда Никола Јокиќ продолжува со партии достојни за најдобриот во НБА, оствари уште еден трипл-дабл во триумфот на Денвер нагетс против Мемфис гризлис (113-97).

Србинот средбата ја заврши со 18 поени, 18 скока и десет асистенции, додека најпрецизен во неговиот тим беше Портер со 26 поени. На „гризлите не им помогна ниту одличната игра на Џа Морант, кој дуелот го заврши со 27 поени. Јокиќ финишот го одигра и налутен, за малку ќе имаше физичка пресметка со Дилон Брукс, кој можеше да го повреди со влечење на раката. Судиите, за среќа, брзо реагираа и ги раздвоија двајцата почестувајќи ги со по една техничка грешка.

 

Расел Вестбрук никако да се израдува на победа во дресот на ЛА клиперс, кој синоќа загуби на гостувањето кај Сакраменто кингс (127-128). Деарон Фокс со 33 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Пол Џорџ заврши со 28 поени.

 

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Орландо 106 – 117, Атланта – Портланд 129 – 111, Бостон – Бруклин 105 – 115, Мајами – Њујорк 120 – 122, Чикаго – Феникс 104 – 125, Оклахома – Јута 130 – 103, Денвер-Мемфис 113 – 97, Голден Стејт – Њу Орлеанс 108 – 99, ЛА Лејкерс – Минесота 102 – 110, Сакраменто-ЛА клиперс 128 – 127.