Рафиња во Барселона дојде за скоро 60 милиони евра од англиски Лидс летоска, но според најавите од Каталонија е прв на листа за трансфер од кого Барса очекува сериозна заработка. Чави Ернандез решил дека Осман Дембеле е прв избор, а обидите да играат двајцата не било по вкус на актуелниот кормилар на лидерот во Шпанија.
После ваквите вести Њукасл сега спрема сериозна понуда, но од Островот не се изјаснуваат со која сума ќе одат во лов по бразилскиот репрезентативец како би ја убедиле Барса да им го продаде офанзивецот.
Рафиња преку Аваи дојде во португалски Гимараеш, а потоа играше за Спортинг Лисабон заедно со нашиот Стефан Ристовски, од каде замина во Рен и по една сезона се пресели во Лидс каде играше со Езџјан Алиоски.