Екипите на Њукасл и Лутон попладнево одиграа спектакуларен меч, и еден од најубавите натпревари оваа сезона во Премиер лигата.
На крајот освоија само по еден бод бидејќи по неколку пресврти, конечниот резултат беше 4-4. Ова е втор натпревар со таков резултат по дербито меѓу Челзи и Манчестер Сити на Стемфорд Бриџ во ноември.
Њукасл два пати беше во водство, со 1-0 и 2-1 со головите на Лонгстаф, а Лутон израмнуваше преку Ошо и Баркли и на пауза се замина со 2-2. Во вториот дел гостите ја презедоа иницијативата и со головите на Морис и Адебајо поведоа со 4-2. Кога се чинеше дека Лутон може да направи изненадување и да дојде до голем триумф, Трипие и Барнс се погрижија за нерешен резултат и барем бод за Њукасл кој не е на нивото од минатата сезона.
Ефикасни беа и другите два натпревара од попладневниот термин во Преммиер лигата. Брајтон го победи Кристал Палас со 4-1, а Барнли и Фулам одиграа нерешено (2-2).