На денешен ден пред 20 години Дејвид Бекам го постигна најважниот гол во неговата кариера.
Англија го одигра последното коло од квалификациите за СП 2002 против Грција на „Олд Трафорд“. Во пресрет на натпреварот Англија и Германија беа израмнети на табелата со подобар меѓусебен однос на Англичаните, поради што Англија беше во предност. Се што им требаше беше домашна победа над Грција.
Сепак, работите не одеа според планот. Харистеас ги доведе Грците во водство а кон средината на второто полувреме Шерингам израмни. Само една минута подоцна, Николаидис им ја врати предноста на гостите и Англичаните повторно беа во негатива. Во исто време, Германија имаше 0: 0 дома против Финска, со што директно ќе се пласираа на Светското првенство. На Англичаните им требаше чудо и го добија во 93. минута.
Беше досуден слободен удар за Англичаните на 30 метри од голот. Топката, се разбира, ја зеде Бекам, а останатото е историја.
Англичаните освоија бод и се пласираа директно на Светското првенство.