Еден од најпопуларните спортисти во светот привлекува внимание каде и да се појави, па затоа не изненадува што неговите борби се најбарани на платформите „плати па гледај“.
Така, дури 1,5 милиони луѓе платиле да ја гледаат неговата борба со Дастин Пориер во живо на УФЦ 257. Интересно е што Конор склучил таков договор со УФЦ, според кој добива по еден долар од секоја претплата на преносот.
Пресметката е едноставна – само од тој бонус, за пет минути борба, 1,5 милиони долари отидоа на неговата сметка. Или попрецизно – точно 1.504.737 долари.
Тој долар е само мал дел од вкупната заработка бидејќи цената за „плати па гледај“ беше 70 долари за старите претплатници и 90 долари за претплатниците за прв пат.
Мекгрегор е познат како некој за кого скромноста не е доблест, па затоа не изненадува што на социјалните мрежи објави чек со предметниот бонус.