Вечерва на миланскиот „Сан Сиро“ започнува завршниот турнир во Лигата на нации, на кој ќе учествуваат четирите најдобри екипи, Италија, Шпанија, Франција и Белгија.
Во првото полуфинале Италија и Шпанија ќе ги одмерат силите од 20:45 часот, а утре ќе го дознаеме вториот финалист, во пресметката помеѓу Белгија и Франција.
Во пресрет на вечерашниот натпревар, главна тема е поранешниот голман на Милан, Џanанлуиџи Донарума, кој неодамна ги шокираше навивачите на „росонерите“ со одлуката да не го продолжи договорот со Милан и да се пресели во редовите на Пари Сен Жермен.
Тој дебитираше за Милан како 16-годишен тинејџер кога Синиша Михајловиќ одлучи му даде шанса на изненадување на сите, но тој ја искористи и ги бранеше боите на клубот од Сан Сиро до ова лето. Навивачите тешко дека ќе му простат што отиде во ПСЖ, а тоа се виде вчера кога во Милано беше развиен огромен транспарент на кој пишуваше:
” Донарума,го*но едно! Никогаш повеќе нема да бидеш добредојден во Милано “.
Нема сомнение дека вечерва го чека жешко добредојде за време на натпреварот со Шпанија, а останува да видиме како со тоа ќе се справи поранешниот миленик на домашната публика .