Барселона потврди дека потпиша нов договор со Фирмин Лопез според кој фудбалерот ќе остане во каталонскиот клуб до 2029 година.

Лопез има 21 година, а претходниот договор му важеше до 2027 година. Со новиот договор, неговата плата се зголемува, а откупната клаузула расте од 400 на 500 милиони евра.

Фермин дебитираше за првиот тим на Барса на 27 август 2023 година и веќе има 48 настапи, со 11 голови и три асистенции. Тој беше стартер во последното издание на Ел Класико.

 Лопез е еден од дијамантите на Барселона, тој настапува на позицијата централен играч за врска, но може да покрие повеќе позиции на теренот.

Лопез оваа сезона има шест настапи за Барселона откако се врати по повреда и главно влегуваше од клупата.