Уругвајското „Класико“ секогаш носи посебно емоции и наелектризирани вибрации на трибините меѓу навивачите на Национал и Пењарол, па историјата и традицијата служат како доволна мотивација за фудбалерите кои се доле на теренот.

Во вчерашното големо дерби кое се одигра во утринските часови, Национал на домашен терен славеше со резултат 3:1 и изби на чело на табелата во Првата лига, резулат во кој важна улога одигра и најголемата ѕвезда на теренот.

Луис Суарез се врати во матичниот Национал по своето незаборавно време во Европа, а во големото дерби постигна изонреден гол со својата послаба лева нога.

Еден обичен аут се претвори во ремек-дело, бидејќи Суарез биеше неодбранливо со левата нога и го матираше противничкиот голман за предност од 2:0.

Мајсторијата на „Лучо“ предизвика екстаза на трибините, а какво значење има уругвајското „Класико“ најдобро ни отсликуваат реакциите на навивачите на Национал.

https://twitter.com/canaldosgols/status/1566516609975554048?s=20&t=kSBFe9qGOF8MugL3piygdg