По победата над Фиорентина, на стадионот „Диего Армандо Марадона“ се прославуваше шампионската титула на Наполи, а Елмас доби големи овации од навивачите.

Наполи го завери Скудетото во минатото коло на гостински терен кај Удинезе, па денеска по натпреварот против Фиорентина беше направена спектакуларна прослава на стадионот во Неапол.

Елиф Елмас доби големи овации од преполниот стадион „Диего Армандо Марадона“, а тој исто како и останатите фудбалери, за оваа пригода носеа посебни дресови, го имаа својот лик на дресот.

Наполи знае како да заработи некое евро повеќе, па денешните персонализирани дресови ги пушти во продажба. Дресот на Елмас со неговиот лик чини 150 евра и можете да го купите на овој ЛИНК.

 

Вечерашната прослава на стадионот „Диего Армандо Марадона“ беше спектакуларна и емотивна.