Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ги минал медицинските прегледи и потпишал договор со Барнли, членот на Чемпионшип дивизијата кој има амбиции експресно да се врати во англиската елита. Трансферот е вреден 5 милиони евра, а крилниот напаѓач доби значително подобри услови отколку во Бундес – лигата.
Менаџерот на Барнли, Винсен Компани, инсистираше токму Дарко Чурлинов да биде едно од последните засилувања на тимот во летниот преоден рок. Тој лично се јави да го убеди македонскиот репрезентативец за преселба на Островот.
Се очекува многу брзо Барнли и официјално да го промовира Дарко Чурлинов како свое ново засилување.
https://twitter.com/Plettigoal/status/1560565523741433857?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1560565523741433857%7Ctwgr%5E7a4cf0cf071f9545efe5f1c01c47f4280dc16054%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfudbal.mk%2Fchurlinov-potpisha-za-barnli%2F