Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (29) наскоро би можел да се врати во англискиот фудбал
Според „The Times“, 29-годишниот играч има неколку понуди од Премиер лигата и наскоро би можел да ја продолжи кариерата во Англија.
Овој весник наведува дека Данецот има уште многу понуди ширум Стариот континент, но дека решил да се врати на Островот, каде играше за Тотенхем од 2013 до 2020 година.
Англиските клубови немаат проблем со тоа, Ериксен може да игра во Премиершип и се надева дека ќе го заврши договорот со некој клуб во наредните денови.
Да потсетиме, данскиот фудбалер минатото лето доживеа срцев удар на натпреварот меѓу Данска и Финска на Европското првенство.