Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија и нема да настапи на првиот Грен слем сезонава, според одлуката на властите на оваа земја.
Впрочем, се огласи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој тврди дека обвинителот лажел.
„Фарса со многу лаги. Обвинителот лаже! Бесмислен процес. Рекоа дека помалку од 50 проценти се вакцинирани во Србија, а таа бројка е 58. Не лажете! Таа бројка е многу поголема отколку во Европската унија земји“, рече Вучиќ, па зборуваше за австралиските спортисти:
„Тие доаѓаат на првенството во атлетика. Ќе покажеме дека сме подобри од австралиската влада. Благодарам на австралискиот народ кој сигурен сум дека ги сака Србите. Тие мислат дека го понижиле Ѓоковиќ, но се понижиле себеси. Новак може да се врати во својата земја со крената глава секој да го погледа во очи“.
„Да кажевте дека тој што не е вакциниран нема право да дојде, Новак немаше да дојде или ќе се вакцинираше. А не ова малтретирање и малтретирање што траеше десет дена“, заклучи Вучиќ.